Со сослушувањето на актерката Ива Илинчиќ во четвртокот во белградското обвинетелство продолжи собирањето сведоштва против сопственикот и раководител на актерска школа во Белград, Мирослав Алексиќ, кого повеќе ученички го обвинија за силување, сексуално злоставување и блудни дејствија.
Ден претходно во повеќечасовното „емотивно сведочење“ свој исказ даде и актерката Милена Радуловиќ, која во јавноста и ги започна обвинувањата против Алексиќ, а ѝ се придружија уште неколку колешки, некогаш посетителки на неговата актерска школа на која им предвал. Тие сведочеа дека биле жртви на сексуално злоставување и силување во периодот од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни или подоцна.
Тоа на полицијата ѝ беше доволна причина да го уапси Алексиќ, тој е сослушен во обвинителството каде ги негирал сите обвинивање и доведувајќи ја во прашање мотивираност да биде покренат целиот случај. Вишиот суд во Белград му одреди притвор од 30 дена, меѓу другото, и поради можноста да влијае врз сведоците.
Во меѓувреме, според сознанијата на белградските медиуми, уште најмалку 20 девојки поднеле пријави во полицијата, тврдејќи дека и тие биле жртви на Алексиќ.
Еден од правните застапници на Ива Илинчиќ, Југослав Тинтор, изјави за новинарите дека „Ива наведе точно и детално сѐ на што се сеќава“, а притоа ги замоли медиумите, имајќи предвид дека меѓу оние кои го обвинуваат Алексиќ е и малолетно лице, како и други жртви кои не се подготвени да застанат пред камерите, и согласност со тоа со обзири да ја следат целата постапка.
Според неговите зборови, новинарите помагаат со тоа што ова прашање го подигнале на сегашното ниво за да се дознае вистината и испратиле порака за охрабрување и на другите жртви да го пријават насилството.
Мирослав Мика Алескиќ е филмски режисер, продуцент, сценарис, актер и педагог кои имаше голем углед во јавнсота, а низ работилниците на неговата актерска школа минале повеќе од 3.000 млади лица.