Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

Кабинетот на претседателот Стево Пендароски соопшти дека тој го потпишал указот на Законот за попис.
Како што е соопштено, потписот, претседателот го ставил откако се консултирал со правни експерти.

„Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата“, соопштија од неговиот Кабинет.