Институтот „Pasteur“ се откажа од развој на вакцина за Covid-19, бидејќи не е доволно ефикасна

Францускиот Инститот „Пастер“ (Pasteur) објави во понеделникот дека го запира развојот на својот главен план за вакцина против Covid-19, бидејќи првичните испитувања покажале дека е помалку ефикасно отколку што се надевале.

И другата референтна француска лабораторија „Sanofi“, најави во декември дека нивната вакцина против коронавирусот доцни и дека ќе биде подготвена дури кон крајот на 2021 година, поради полошите резултати од очекуваните.

Во случајот на вакцината на „Пастер“, „утврдено е дека се индуцирани имунолошки одговори пониски од оние забележани кај излекуваните од природните инфекции, како и оние кај лицата вакцинирани со одобрените вакцини против Covid-19“, појаснуваат од Институтот кој ја образложува одлуката за запирање на проектот.

Според она што претходно беше познато за вакцината на „Pasteur“, нивниот препарат ја користил како платформа вакцината против сипаници, прилагодена за дејствување против Covid-19.