Италијанскиот премиер Џузепе Конте, во потрага по ново мнозинство по заминувањето на една партија од неговата коалициска влада, објави во понеделникот вечерта дека во вторнник ќе ја предаде својата оставка.
Според соопштението на неговиот кабинет, Конте во вторник точно за во 9 часот ќе свика седница на својот министерски совет на којашто „ќе ги извести министрите за намерата да оди во Квиринале (седиштето на претседателот на Републиката) за да поднесе оставка“.
Конте се надева дека претседателот Серџо Матарела ќе го добие мандатот за составување на новата италијанска влада, проценуваат медиумите. Според нив, Конте со оставката сака да добие повеќе време да ги убеди центристичките и независните пратеници да влезат во владата откако минатата седмица го загуби апсолутното мнозинство во горниот дом на парламентот – Сенатот.
Проблемите на Конте му предизвика одлуката на поранешниот премиер и лидер на левата Демократска партија (PD), Матео Ренци, од коалицијата да ја повлече својата нова партија Жива Италија (Italia Viva), со што владата го загуби мнозинството во парламентот.
По повеќето седмици критики и закани, Ренци пред пет дена на прес-конференција објави дека двете министерки од неговата партија се повлекуваат од владата. Едно од главните обвинувања на Ренци за Конте се неговите планови како премиер за тоа како да ги насочи 200-те милијарди евра од Европската унија наменети за закрепнување на земјата погодена од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот