Нелоски: Три ипол години нема ниеден капитален проект

Владимир Нелоски претседател на градски комитет на ВМРО ДПМНЕ во емисијата “Заспиј ако можеш,, кажа дека во изминатите три ипол години нема ниту еден капитален проект ниту државата, ниту, пак, има позначаен проект градот Скопје.

„Ние три ипол години немаме еден сериозен капитален проект. Еве за градот Скопје кажете ми вие еден проект во последниве три ипол години. Значи зборам ти што викаш градежна експанција , градежна експанција не е гребење и реасфалтирање на улиците. Тоа е нај секојдневна работа на градоначалникот па ако не ги прави улиците да бидат во возна состојба што ќе прави еден градоначалник“ истакна Нелоски.

Потенцираше дека градоначалниците треба да бидат отценувани по изградените работи и реализираните проекти но дека тие изостануваат кај скопскиот градоначалник Шилегов и дека тој ниту еден од крупните проекти кој ги ветил пред скопјани не се остварени.

„Видете кога по две ипол години од мандатот немате ништо видливо жално е пак ќе повторам го имаме градоначалникот Шилегов пред некој ден на една телевизија вели јас не сметам дека функционерите  градоначалниците треба да бидат отценувани од граѓаните врз основа на видливото. Врз основа на што ќе ги отцениме ние градоначалниците или пак државните функционери. Како што вас ве отценуваат врз основа на тоа што слушанале од вашата емисија така и градоначалниците и функционерите треба да ги отценат врз основа на тоа што сработиле. Но кога имате ветено тунел под Кале кога имате ветено продолжување булавар Климет Охридски преку Вардар со мост и ќе ја спои улицата со Никола Карев односно пластичарска. Истиот тој вети дека ќе добиеме спуштена раскрсница на неколку нивоа кај Мавровка, истиот тој вети мост кај Ѓорче. Е сега кога после три ипол години вие не може да се пофалите со тоа вие велите имa градежна експанзија ние асфалтираме“, појасни Нелоски.