Најголемата интернет продавница во светот „Amazon“ објави во вторникот вечертa по средноевропско време дека основачот и извршен директор Џеф Безос ќе се повлече од челното место на компанијата која ја основа пред речиси триесет години во својата гаража, и оти ќе го наследи Енди Џеси.
Безос ќе стане извршен претсетел на бордот на директори, потег кој според него, ќе му даде „време и енергија“ за фокусорање на други производи и иницијативи.
„Основачот и извршен директор Џеф Безос ќе ја преземе функцијата извршен претседател (на бордот директори) во третиот квартал од 2021 година, а Енди Џес ќе го преземе неговото место“, се наведува во соопштението на компанијата.
Според Безос, доброто финансиско работење и силната позиција на компанијата му овозможува да ја смени позицијата.
„Во моментов гледам дека Amazon е на своето највисоко ниво на иновации, и благодарение на тоа дојде време за ваква реконструкција“, го цитира службата за односи со јавноста челникот на корпорацијата.
Безос на своите вработени им испратил соопштение во коешто им порачува дека со возбуда го очекува своето заминување од позицијата оперативен челник на компанијата.
„Никогаш не сум имал повеќе енергија и ова не претставува пензионирање“, напишал Безос, порачувајќи дека со голем ентузијазам ги чека резултатите од овие промени.
Според податоците на магазинот Forbes, Безос во моментов е најбогатиот човек на планетата, и покрај разводот од сопругата во 2019 година која доби 4 отсто од уделот во Amazon. Богаството на 57-годишниот основач на компанијата, кој поседува 11,1 отсто од акциите, во моментов се проценува на 196,2 милијарди долари.
Покрај „Amazon“, Џеф Безос ја основаше и приватната воздухопловна компанија „Blue Origin“, а е сопственик и на еден од најстарите дневни весници во САД, The Washington Post.
Најголемата во светот онлајн-продавница, која ги продава своите стоки и услуги преку интернерт, е основана во САД во 1994 година. Од продажба на книги и плочи, корпорацијата постепено мина на продажба на видеозаписи, водеоигри и електроника за домаќинствата, а покрај тоа беше првата во САД која на своите корисници им понуди платена услуга за преземање филови со можноста за гледање и без интернет конеција.
Во екот на пандемијата на коронавирусот минатата пролет, компанијата објави дека ангажирала 175.000 работници поради напливот на побарувачка на нејзините услуги, кога доживеа експлозвен раст. Така компанијата во моментов вработува 1,3 милиони луѓе ширум светот.