Времето во Македонија во средата ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура се движи од минус 1 до 6, а дневната од 11 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината претпладне има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 Целзиусови степени.
До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.