Најмалку 24 загинати во поплава во нелегална фабрика во Мароко

Најмалку 24 луѓе ги загубиле животите во поплавата во илегална фабрика за текстил во мароканскиот град Тангер, објавија во понеделникот тамошните власти.

Сѐ уште точно не се знае колку луѓе се наоѓале во подрумот на вилата каде што се наоѓала нелегалната фабрија, а властите соопштија дека досега се спасени десет лица, како и дека е отворена истрага за околностите на несреќата.

Речиси петтина од работниците во Мароко, надвор од земјоделските дејности, работат на црно, многу често во небезбедни услови, пренесува агенцијата Reuters.

Локалните медиуми известуват дека несреќата била предизвикана од струен удар, но властите сѐ уште не ја потврдуваат оваа информација, пренесува агенцијата AFP.

Се додава дека Мароко последните седмици е погоден од обилни врнежи по долгиот сушен период. На почетокот од јануари, дождовите предизвикаа одрони и свлечишта во кои се урнаа куќи во Казабланка, кога загинаа четири луѓе а многу беа повредени.