Костовски бара Обвинителството да ги каже лицата против кои ќе поведе истрага

Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме, реагира Трифун Костовски по информацијата на Јавното Обвинителство за истрага на четири одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка.

– После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката – вели Костовски и најави дека утре  јавноста подетално ќе ја запознае со сите, како што вели, игри околу стечајот на Еуростандард банка.