ЕУ близу договор со „Novavax“ за испорака на вакцини против коронавирусот

Европската унија би можела оваа или следната месеци да потпише договорот за снабдвуањето со вакцини против коронавирусот со американскиот производител „Novavax“, изјавиле за Reuters двајца неименивани функционери вклучени во преговорите со оваа компанија.

Европската унија во ноември ги заклучи прелиминарните преговорите со „Novavax“ во декеври за набавка на 100 милиони дози и опција за дополнителни 100 милиони дози.

„Разговорите со Novavax се интензивираат и имаме намера да склучиме договор оваа или следната седмица“, рекол за агенцијата еден од функционерите на ЕУ.

Другиот функционер на ЕУ вклучен во разговорите потврдил дека тоа е можниот временски распоред за постигнување на договорот, но додал дека сѐ уште траат дискусиите со адвокатите на американската компанија, одбивајќи подетално да зборува за тоа кои се нерешените прашања.

Од Novavax“ потврдиле дека преговорите се во тек. Портпарикот на Европската комисија одбил да ги коментира преговорите, но додал дека ЕУ има намера да го прошири портфељот вакцини против Covid-19.

Минатата седмица Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнале разгледување на вакцината на „Novavax“ за да се забрза процесот на потенцијално одобрување на препаратот.

Инаку вакцината на „Novavax“ сѐ уште се тестира, не е соопштено во која фаза од испитувањата е, но според тврдењата на компанијата прелиминарните податоци покажуваат дека таа е 89,3 ефикасна во спречувањето на развој на болеста Covid-19 во испитување спроведени во Велика Британија, а речиси подеднакво била ефикасна во заштитата од позаразниот британски сој.

Доколку биде постигнат овој договор, тоа би бил седмиот кој ЕУ го склучил со произведувачите на вакцината против коронавирисот. ЕУ веќе има договори со англо-шведската компанија „AstraZenecа“, американски „Johnson&Johnsоn“, американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, со германската биофармацевтска компанија „CureVac“, американска „Modernа“ и француско-британската групација „Sanofi- GlaxoSmithKline“ за вкупно околу 2,3 милијарди дози.