![rusija-ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/rusija-ukraina.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Според експертите, создадената ситуација во Украина, го ставила во комплицирана ситуација и рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Независимаја газета“.
„Украинските власти го поставија во комплексна ситуација тимот на Путин. Постојат две прашања, едното е дали да влезеш или не во Царинска унија, а другото е дали со провоцирање на таквите настани се’ уште се очекува помош од Русија. Јанукович во моментов го става во ризик не само својот имиџ, туку и меѓународниот престиж на Русија. Дали тоа му е потребно на Путин? Зошто да носи одговорност за туѓите глупости? Мислам дека рускиот претседател ќе се обиде да се дистанцира од активностите на Јанукович“, вели политикологот Сергеј Таран.