Светото тројство: Кочо, метлачките и општините

„Градот Скопје потрошил околу 1,5 милиони евра за набавка на 12 од прочуените метлачки на Кочо Анѓушев! Но, од каде да почнеме со анализа на оваа бизарна зделка?“, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на нивната Фејсбук страница.

Дали од тоа дека една година сме во пандемија, која за сите држави во светот значеа намалување на трошоците?

Дали пак од тоа дека поранешен вице-премиер, член на партијата на власт, и додека беше на функција, и сега, активно си тера бизнис со Градоначалниците за неговите скапи метлачки?

Или пак, од тоа дека општините ги качуваат сметките за вода, поради разлики во приходите и расходите, а нивните највисоки функционери набавуваат екстра скапи метлачки?

„Но, можеби е најдобро да почнеме од тоа дека 55.000 граѓани во Македонија останаа без работа во текот на пандемијата и наместо општините да се занимваат со локалниот економски развој и подобрување на животот на невработените, тие трошат огромни суми за непотребни метлачки?

Како и да е, клучно е тоа што некои од јавните претпријатија имаат и над 500 вработени, меѓутоа набавуваат метлачки од Кочо, кои ќе ги заменуваат вработените. Такво нешто најпрво се случи во Штип, а сега примерот го следат и Аеродром и град Скопје, но не се занемарување и помалите општини кои го следат овој тренд и го здебелуваат паричникот на Анѓушев, на сметка на своите граѓани!“, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.