
Најмалку едно лице загинало а уште неколкумина се повредени во големата сообраќајна несреќа во долината Вал-ди-Суза близу Торино во северна Италија, пренесува во саботата весникот Corriere della Sera и додава дека во сударот биле вклучени повеќе од 25 возила поради замрзнатиот коловоз.
Делницата од автопатот А32 Торино – Бардонекија привремено во саботата е затворен, а полициски и спасувачки екипи пристигнале на местот на несреќата, наведува весникот.
Целиот Апенински полуостров е под влијание на студен циклон, кој донесе обилни врнежи од снег во централниот дел на Италија, како и во некои јужни региони на земјата. На северот на земјата и во планинските области, забележан е голем пад на температурите. Во некои градови поради снегот затворени се училиштата се затворени, а пријавени се повеќе проблеми во сообараќајот, како и прекин во железничкиот сообраќај.
Според прогнозите, лошото време ќе се задржи најмалку до почетокот на следната седмица. Со доаѓањето на ноќта се очекува температурата на воздухот да падне под нулата во Рим, каде што не е се исклучени ниту снежни врнежи, особено во северните региони на областа. Социјалните и хуманитарните служби во градовите се ангажирани за згрижување на бездомниците поради ниските температури.
Maxi tamponamento sulla Torino Bardonecchia per il ghiaccio. Venti veicoli coinvolti tra Exilles e Salbertrand. Una vittima. L’autostrada è chiusa. @TgrRai #ioseguotgr pic.twitter.com/04TvYPWeiS
— Tgr Rai Piemonte (@TgrPiemonte) February 13, 2021