Продолжението на импичментот за Трамп сепак без сведоци

Демократите и републиканците во американскиот Сенат потигнаа договор во саботата дека сепак нема да бидат повикувани сведоци во процесот на судењето за сега веќе поранешниот претседател Доналд Трамп, тукуи дека споранта изјава за наводниот телефонски повик во текот на упадот во Капитол ќе биде внесена како доказен материјал.

Договорот следеше по хаотичното гласање во кое со 55 гласови „за“, од кои пет на републиканските сенатори, наспрои 45 гласови „против“ беше прифатено повикувањето сведоци. Но тоа би го пролонгирало судењето за уште неколки седмици, би ги зголемило поделните и би ги поткопало напорите на претседателот Џо Бајден да се отргне од својот претходник, заклучиле демократите.

Сенатот, адвокатите на Трамп и демократските пратеници од Претставничкиот дом кои во процесот на импичментот делуваат како обвинители, подоцна во саботата се договорија, наместо повикување на сведоците, изјавата на републиканската пратеничката Џејма Ерера Батлер за наводен телефонски разговор со водачот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Меккарит, да се воведе меѓу доказите.

Демократите пред завршните зборови во саботата изјавија дека сакаат да ја повикаат конгресменката од Републиканската партија, Џејма Ерера Батлер, на што се спротистави одбраната на Трамп. Со започнувањето на процесот на испрашувањето на сведоците, судењето за импичментот ќе се одолговлечи, откако првично се очекуваше гласањето за импичментот да се одржи во саботата.

Причина за повикувањето на изјавата на републиканската пратеничка Батлер според која Трамп во телефонскиот разговор со републиканскиот водач во Претставничкиот дом Кевин Меккарти на 6-ти јануари во текот на упадот на неговите приврзаници во Конгресот, му кажал дека масата повеќе ја загрижува неговиот изборен пораз отколку што тоа ги интересира пратениците.

„Па, Кевин, тие луѓе повеќе ги загрижуваат изборите отколку вас“, го цитирала Батлер наводното искажување на Трамп. Таа рече дека Трамп во почетокот негирал дека во насилствата се вмешани неговите приврзаници тврдејќи дека за тоа е одговорна групата лица до редовите на левичарската Антифа, што наводно Маккарти го отфрлил како невистинито.

Инаку Ерера Батлер е една од само десетте пратеници кои минатиот месец во Претставничкиот дом, каде што доминираат демократите, гласаше со демократите да се потврди обвинението против Трамп. Во петокот вечерта по локално време таа ненадејно се присети на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Меккарти.

По договорот за ставање на оваа изјава меѓу доказите, сега двете страни имаат по два часа за заклучното изнесување на своите аргументи.

Трамп ја напушти Белата куќа на 20-ти јануари и е првиот во историјата на САД претседател кому му се суди во Сенатот по напуштањето на должност, според преседан до XVIII век од Британската империја. Интенцијата на демократите е доколку биде осуден Трамп, да му се забрани кандидирање за јавни функции, а особено да се кандидира на следните претседателски избори во 2024 година, како што самиот повеќепати најви.

Но аналитичарите сметаат дека осудата е малку веројатна, бидејќи најмалку 17 републиканци мора да им се придружат на сите 50 демократи за да го прогласат Трамп за виновен за наводното поттикнување на бунт и насилниот упад во Конгресот на неговите поддржувачи. Водачот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел ќе гласа за ослободување на Трамп од обвинието, пренесоа американските медиуми претходно во саботата.