Објектите на МНР, А1 и МНТ без вода поради уличен дефект

Корисниците на дел од улицата „Филип Втори“ и дел од булеварот „Гоце Делчев“, вклучително објектите на седиштетот на телекомуникациската компанија А1, Македонскиот народен театар и Министерството за надворешни работи, имаат прекинато водоснабсување поради уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Филип Втори“ во близина на МНР.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод иканализација“ Скопје е прекинато од 10:00 часот, а вода ќе немаат до завршувањето на санацијата на дефектот.