Кремљ во петокот рече дека се надева дека САД и Европската унија ќе се вратат на здравиот разум и ќе ги отфрлат заканите и повиците за воведат нови санкции против Русија, поради третманот кон дисидентот Алексеј Навални.
Најавено е дека администрацијата американски претседател Џо Бајден уште во петокот ќе ги именува компаниите за коишто се смета дека помагаат во изградбата на гасоводот Северен тек 2 до Германија, потег кој би можел да покрене санкции за речиси завршениот проект, но што може да ги продлабочи и онака тензичните односи меѓу Вашингтон и Москва.
Дипломати од Брисел, исто така, за медиумите наведуваат дека ЕУ во март би требело да наметне забрана за патување и замрзнување на имотите на личности кои се сметаат од најблискиот круг на рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на пресудата и заменување на условната со затворска казна за Навални. „
„Сѐ уште се надеваме дека ќе надвладее здраворазумскиот пристап на ситуацијата од нашите соговорници и дека нема натаму да одиме по патот на санкциите, кои веќе повеќепати се покажаа за неефикасни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите акредитирани во Москва.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој пред неколку години одлучи дека пресудата за Навални не била политички мотивирана, сега во средата соопшти дека Русија би требало веднаш да го ослободи Навални, чиешто затворање доведе до протести во земјата. Но нејасно е како Западот смета руските власти да влијаат на укинувањето на пресудата за дисидентот кој го доживува како водечки руски опозиционер.
Кремљ порача дека таквите повици претставуваат неприфатливо мешање во внатрешните работи на Русија.
Навални беше уапсен минатиот месец по враќањето од Германија каде се лекуваше поради наводно труење со нервен агенс, според тврдењето на Западот. Московскиот суд му ја замени условната казна со ефективна затворска, повикувајќи се на изјавите на германските лекари за периодот во кој Навални се опоравил и оти го прекршил периодот кој му бил овозможен да не се јавува редовно на судот поради условната пресуда.
Западот, исто така, неофицијално ги поддржува изјавите на Навални дека наводно бил отруен од агентите на рускиот претседател Владимир Путин.
Путин претходно седмицива изјави на новинарско прашање дека агентите на руската државна безбедност доколку навистина имале таква наредба и би сакале да го убијат Навални, сигурно би ја „завршиле работата“, сугерирајќи дека 44-годишниот дисидент не е толку важен за да биде отстранет.