
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 20.02.2021 година (сабота) поради уличен дефект од Ф – 200 мм на ул. Перо Наков б.б – во близина на Кванташки Пазар, во периодот од 12.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците „Боривое Милошевски“, „Димче Милошевски“, „Вера Радосављевиќ“ и „Зендел Џемаил“, како и дел од корисниците од ул. „Перо Наков“ во општина Гази Баба.