Бројот на дозите со коишто се вакцинирани луѓето против коронавирусот во светот во саботата надина 200 милиони луѓе, според податоците на AFP, а во извештајот на агенцијата се ддоава дека богатите членки на Г7 се обврзиле дека повеќе од двократно да ја зголемат својата помош за да ги поддржат помалку развиените држави во процесот на имунизација.
Имајќи предвид дека 45 отсто од дозите кои отишле во богатите земји а коишто сочинуваат само 10 отсто од светската популација, членките на Г‘ во петокот известија дека нивната помош за проектите како што е Covex на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) отсега ќе изнесува 7,5 милијарди долари.
Зголемениот одзив како САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и Канада следеше откако Британија, постојана членка на Советот за обезбедност при ОН покажа нацрт-резолуција на останатите членките на ова тело, повикувајќи ги богатите земји да ги поделат дозите од вакцините со сиромашните и земјите разорени со војните.
Во меѓувреме Русија забележа напредок во програмата за развој на своите вакцини, известувајќи дека 120.000 дози од третата одобрена вакцина против коронавирусот „КовиВак“, ќе биде пуштена во цивилен промет во март, по вакцините „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“.
Иако во светот секојдневно се вакциинираат сѐ повеќе луѓе, се забележува и раст ба бројот на починатите од Covid-19.
Според податоците на AFP собрани до саботата рано попладнето, во светот од последиците на коронавирусот досега починале повеќе од 2,45 милиони луѓе, а евидентирани се речиси 111 милиони случаи на заразата.