![zagaduvanje skopje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/zagaduvanje-skopje.jpg?resize=624%2C396&ssl=1)
И вечерва мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат висок степен на канцерогени ПМ 10 честички во воздухот.
Имено, најзагадена општина е Кавадарци со измерени 419 ПМ 10 честички, или на дури 8 пати повеќе од дозволеното ниво.
Веднаш по Кавадарци е општина Кичево со 246 ПМ 10 честички, Битола 243 и скопското Лисиче со 221 ПМ 10 честички.
Загадениот воздух е огромен проблем, а власта и понатаму останува глува на решавање на овој проблем кој во време на епидемија на коронавирус дополнително е опасност по здравјето на граѓаните.