Герила акција: Браникот на Мијалков се распука како бетонот на Заев

Случајот со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, инспирираше герила акција, во која осамна транспарент на „Бихаќка“, во близина на штабот на СДСМ.

„Браникот на Мијалков се распука како бетонот на Заев“.

 

Пораката напишана на транспарентот доаѓа како своевидна замена на познатиот графит кој од пред неколку години, беше правен по шаблон со ликот на Мијалков и паролата „Секогаш на браникот на татковината“.