Повредата е сериозна, но состојбата на докторот Ѓорѓи Јота во моментов е стабилна

Состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше удрен со автомобил од страна на малолетник во моментов е стабилна.

Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, информираше министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.