СЗО: По шест седмици пад, бројот заразени во Европа повторно расте

Бројот на новите случаи на зарази со коронавирусот расте во Европа по шесте седмици намалување, објави во четвртокот регионалниот оддел на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Констатираме повторно раст во централна и источна Европа. Новите случаи растат и во неколку земји од западна Европа, каде што процентот на заразените е веќе висок“, изјави директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге на прес-конференција во Женева.

Европејците „мора да се вратат на основата“ на борбата против вирусот и неговите варијанти користејќи ги сите средства на сили и мора да го забразаат вакцинирањето, додаде Клуге.

„Мораме да прошириме нашиот портфељот на вакцините“, рече Клуге. Од 53 држави во европскиот регион, 45 започнале со националните кампањи за имунизација против коронавирусот.

Додека дискусиите за ткн „ковид“ или „зелени пасоши“ ја вознемируваат Европа, оваа замисла сѐ повеќе се разгледува во СЗО, кој не ги „препорачува (…) но ја разгледува изводливост и упатност во прифаќањето“, на таквите пасоши, додаде Клуге.

Минатата седмица новите случаи на Covid-19 во Европа се зголемиле за 9 отсто, според извештајот на регионалната канцеларија на СЗО, во која се педесеттина европски земји, вклучително и Русија и земји централна Азија.

„Со тоа е завршен падот на бројот заразените што траеше шест седмици и ветуваше подобрување, но сега повеќе од поливината од нашиот регион потврдува растечки број на новите зарази“, предупреди Клуге.

Според извештајот на СЗО, пандемијата ја продолабочила нееднаквоста меѓу поливите.

„Вонредните состојби донесуваат несразмерни последици по здравјето на жените, а Covid-19 тука не е никаков исклучок, па потврдените случаи се почести кај жените и младите“, се наведува во извештајот.

Се бележи и поголем број жени отколку мажи кои патат од ментални заболувања со поврзани со пандемијата, како и дека е забележан и раст на семејното насилство.

Според официјалните податоци кои ги собира агенцијата AFP, во Европската унија 2,6 отсто од населението ги примиле двете дози од вакцините против Covid-19, а 5,4 отсто примиле барем една доза.