Американецот Томас Маркл, таткото на британската војвотка од Сасекс, Меган, не смета дека британското кралско семејство е расистичко и се надева дека наводната забелешка на член на семејство за темната кожа на неговиот внук е само глупаво покренато прашање.
– Јас многу го почитувам кралското семејство и мислам дека тие не се воопшто расисти. Мислам дека и Британците не се расисти. Мислам дека Лос Анџелес е расистички. И Калифорнија е расистичка. Но, не мислам така и за Британците, рече Томас Маркл за Ај-ти-ви.
Тој смета дека од тоа „глупаво прашање покренато од некого“, не треба се пренесува како расистичка изјава и оти веројатно има поедноставно објаснување за тоа.
Меган претходно изјави дека на нејзиниот син Арчи, кој сега има околу две години, му била одземена титулата принц пред раѓањето, бидејќи во кралското семејство имало загриженост за тоа „колку може да му биде темна кожата“ кога ќе се роди.