Почина познатата актерка најпозната по улогата во „Жикина династија“

После долго и тешеко боледување ноќеска на 87-годишна возраст почина познатата актерка од култниот серијал „Жикина династија“ Даринка Дара Челениќ.

Сите ја памтат по улогата во популарниот филм „Жикина династија“, во која ја имаше улогата на Дара, односно сопруга на Жика.

Дара Челениќ родена е на 18 јули 1934 година во Нови Сад, каде што завршила основно образование, гимназија и средна актерска школа во Српскиот народен театар.

Првиот аранжман го добила во 1949 година во Народниот театар во Краљево, а во 1954 година станува членка на Српскиот народен театар во Нови Сад.

Во Современиот театар во Белград премина во 1960 година, а во 1964 во во Југословенско драмски театар. Во 1974 година станува слободен уметник, а се пензионира во 1988 година.

На сцената одиграла повеќе од 40 главни улоги, а на телевизија учествувала во многу драмски емисии, разни серии, забавни и детски програми.

Погребот ќе се одржи во Нови Сад во кругот на најблиските роднини.