Градот Минеаполис ќе исплати незапаметено и несфатливо високи 27 милиони долари за подмирување на граѓанската тужба од семејството на Џорџ Флојд поради неговото убиство од полицaец, во случајот кој поттикна протести ширум САД против расизмот и полициската бруталност.
Џорџ Флојд, 46-годiшен црнец, се задуши во мај 2020 година, по бруталната интервенција на белиот полицаец Дерек Шовин со кого порано заедно работеле на обезбедување на ноќен клуб. Полицаецот со колено девет минути го притискал вратот на жртвата која се жалела дека се задушува.
Снимката од инцидентот која се прошири на социјалните медиуми и ги покрена едни од најголемите протести во САД проследени со безредија, масовни грабежи и жртви, главно насочени против претходниот претседател Доналд Трамп во последната година од неговиот мандат.
Како што пренесе телевизиската мрежа NBC News, одлуката за исплатата на отштетата била донесена едногласно на затворениот состанок на градскиот совет во петокот. Спогодбата вклучува и 500.000 долари за заедницата која живее на раскрсницата на која Флојд го загуби животот, според желбата на семејството.
Според објаснувањето, во потенцијалниот судски процес пред порота, градот се соочувал со потенцијално многуи повисока отштета од сумата со која сега се регулира тужбата.
Семејството на Флојд покрена федерална тужба против градот Минеаполис и четворицата полициски службеници кои учествувале во приведувањето на Џорџ Флојд. Во неа роднините на жртвата особено истакнуваат дека смртта е предизвикана, меѓу другото, и од прописoт во начинот на обуката на полицајците.
Сестрата на жртвата Бриџет Флојд изјави дека таа и нејзиното семејство се „задоволни од тоа што е решен овој дел од нашиот трагичен пат кон правдата за мојот брат Џорџ“. „Иако срцата ни се скршени, нѐ теши тоа што Џорџ и во смртта му покажа како да се живее“, се додава во нејзината писмена изјава.
Судењето за убиството против поранешниот полицаец Шовин започна оваа седмица на окружниот суд во Хенепин. Тој изјави дека не е виновен и дека се водел според полициската процедура.