
За бројните дози на вакцината прoтив Covid-19 потребен е и доволно персонал за неговото аплицирање, па САД во петокот одобрија дека населението може да вакцинираат и студентите на медицина, стоматолозите и ветеринарите, како и пензионираните во овие професии.
„Благодарејќи ја денешната мерка повеќе медицинскиот персонал ќе може да учествуваат во имунизацијата на американското население“, според соопштението на Белата куќа.
„Во вакцинирањето против ковидот се вклучени низа занимања, меѓу кои и бабиците. Пензионерите во сродните занимања, како и поранешните фармацевти ќе може да вакцинираат, како и студентите на медицина, сестрите и другите квалификувани професии со соодветна обика и со професинаонален надзор“, се додава во соопштението на Белта куќа.
Во рамките на овој проект покрената е и интернет страница за лицата кои сметаат дека се вклопуваат во споменатите категории да моќе да се пријават како волонтери за давањето на вакцините.
САД со околу 330 милиони жители досега имаат применети 100 милиони дози од вакцината, праг кој беше надминат во петокот. Американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузните држави до 1-ви мај да им овозможат на сите возрасни жители да се вакцинираат против Covid-19, без оглед на нивната возраст и здравјето, што веќе се применува на Алјаска.