Шест премиери на земји членки од Европската унија ги повикаа со писмо во саботата челниците на евроинституциите на итни разговори за подеднаква дистрибуција на вакцините против коронавирусот според договореното, бидејќи доколку се продолжи со сегашниот систем разликите ќе се зголемат.
„Никој во ЕУ нема да биде сигурен од коронавирусот додека сите не бидат сигурни“, се истакнува во писмото испратено во саботата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и на претедателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потпишано од премиерите на Австрија, Бугарија, Словенија, Латвија, Чешка и Хрватска.
Потсетуваат на заклучоците од видеоконференцијата на Европскиот совет од 21-ви јануари на која беше потврдено дека „вакцините треба да се дистрибуираат истовремено и ‘про-рата’, сразмерно на големината на населението“, според зедничките цели коишто ЕК ги постави за вториот квартал од 2021 година.
„Мораме сега да обезбедиме сите земји членки на еднаква база да ги достигнат тие цели“, се истакнува во дописот. Притоа, го повикуваат претседателот на Европскиот совет дека за „ова важно прашање брзо да се одржат разговорите“.
Истакнуваат дека е „прашање на европската солидарност да се обезбедни сите земји членки на ЕУ, големи или мали, имаат еднаков пристап денес на недоволните колечества на вакцините против Covid-19“.
„Последните денови, меѓутоа, откривме дека спротивно на договорот, испораките на дозите на вакцините на фармацевтските компании на поедини држави членки не спроведуваат на еднаква основа според кчичот население/про рата“, предупредуваат.
„Доколку продолжи систем, ќе продолжи да се создаваат и зголемуват големи разлики меѓу државите членки до летото, па некои ќе бидат способни да го достигнат имунититот на стадото за неколку седмици, а другите ќе зостанат. Тоа би било спротивно на напиот договор, но и на духот на европската солидарност“, истакнуваат премиерот не земјите членки на ЕУ.