![superhiks-proslavija-25-ka-so-fantastichen-koncert-vo-mkc-338829](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/superhiks-proslavija-25-ka-so-fantastichen-koncert-vo-mkc-338829.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
По јавниот „предизвик“ на функционери на СДСМ за размена на домашна музика, министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави: „Со задоволство ќе уживам во албумот “Underground evergreens” на нашата музичка група Суперхикс, што ми го испрати Петре Шилегов. Го проширувам кругот подарувајќи им музички изданија во домашна продукција на Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Јана Белчева со предизвик и тие да го прошират кругот.
По објавата на Шекеринска, проследена со фотографија на која таа во рацете го држи албумот на Суперхикс, фронтменот на бендот, Петар Младеновски со став: „Суперхикс е независен бенд кој никогаш не бил близок до ниедна “гарнитура” или партија. Ставовите и идеите на Суперхикс се цврсти и непроменливи (за разлика од оние на лесно подмитливите политичари) Суперхикс за 27 години постоење не дозволиле и нема да дозволат “партиски лепенки”на својот грб“.
Неговата објава ја објавуваме интегрално:
„Додека ја подготвувам мојата ЛИЧНА реакција по повод “челенџот” на наши политичари со изданија на наши музички артисти(лична реакција, бендот се надевам ќе се огласи исто наскоро) би сакал да и се заблагодарам за поддршката низ годините но и истовремено блокнам г-ѓицата новинарка Валентина Парго поради недолични и невистинити коментари кои и ги читам на други профили во врска со Суперхикс. Не знам што се случува со психата на дотичната но на лаги и провокации секогаш реагирам ..јбг:)
Суперхикс е независен бенд кој никогаш не бил близок до ниедна “гарнитура” или партија. Ставовите и идеите на Суперхикс се цврсти и непроменливи (за разлика од оние на лесно подмитливите политичари) Суперхикс за 27 години постоење не дозволиле и нема да дозволат “партиски лепенки”на својот грб. Името СУПЕРХИКС е асоцијација за некој кој краде од сиромашните а дава на богатите(во случајот-нашите политичари низ децениите). Суперхикс одбивале и ќе одбиваат било какви партиски или кампањи кои не кореспондираат со нивниот начин на размислување или делување (НАТО и сл) Суперхикс е банда во која се респектираат различните ставови на членовите(десни, леви, централни,аполитични) а сепак дејствуваат како ЕДЕН. Суперхикс се секогаш КОНТРА, ако не сте не сфатиле овие 27. Суперхикс се бенд кој е активен 27 години на територијата на Република Македонија. И на крајот, ако после 27 години и првите тинејџ стихови од првата напишана песна “Police Town” која вика “Police is running on my back about GOVERNMENT i said FUCK!” не не познавате…тогаш FUCK OFF драги наши. Ете толку за сега од мене..а подолу коментарите од новинарката кој ни на пресот на здруженијата на музичарите на кој беше најавен и протест, не не удостои макар со напишани 3 реченици и помили и се настапите како вокалиСка на Охрид Фест.
Stay tuned ! 😉