За привремени вработувања Општина Гази Баба потрошилa 14 милиони денари

На официјалната страна на системот за јавни набавки објавен е оглас во делот на склучени договори од страна на општина Бутел за привремени вработувања. Така во делот на назив на договорениот орган стои Општина Гази Баба додека во делот на вредност на склучениот договор сума од 14.000.000 денари.

Она што е симптоматично според критичарите е дека има се поголем број на вработувања како се наближуваат локалните избори. Познавачите велат дека иако владата ветувала кратење на непотребните вработувања и намалување на администрацијата забележани се се поголем број на вработувања во општините и во државните институции што се коси со изјавите на претставниците на власта.

Дополнително поразително е дека голем дел од општините се во долгови поради неефикасно менаџирање на буџетот додека државата и понатаму им ги простува долговите кои ги праваат. Власта пред да седне на владејачкото столче ветуваше транспарентно и домаќинско работење со парите на граѓаните но во изминатите години тоа не е случај велат критичарите.