Досега 809.626 граѓани во Србија ја примиле втората доза на вакцината против коронавирус, покажуваат најновите владини податоци.
Според бројот на ревакцинации на милион жители, Србија е прва во регионот, а втора во Европа, по Монако. Србија е прва во регионот според вкупниот број на ревакцинации.
Во светот, Србија е на седмото место според бројот на ревакцинации на милион жители, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Монако, Бахреин и Чиле.Во однос на бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.