„Сител“: Како кланот Заеви заработи милиони евра

Молк во општина Струмица по скандалот со сомнителните трансфери на пари од општинскиот буџет на сметката на невладина организација формирана лично од Зоран Заев. Лидерот на СДСМ во интервју за државната МТВ се правдаше дека невладината не ја формирал тој, туку Советот на општина Струмица, пренесува „Сител“.

zaevs500

„Но документите до кои дошол Сител покажуваат дека невладината Младински совет во Централниот регистар ја регистрирал токму струмичкиот градоначлник. Сител се обиде да провери, дали за оваа регистрација тој добил овластување од општинскиот совет, но нашиот обид заврши без усех“, пренесува телевизијата.

„Сител“ во потрага по одговори се упатил на местото каде според официјалната документација треба да се наоѓа седиштето на невладината Младински совет.

„Сомнителните трансфери на невладината формирана од Заев е само уште еден во низата скандали и афери кои го следат лидерот на опозицијата. Во последниве неколку месеци, медиумите објавија и дека преку повеќе тендери од општина Струмица на сметките на фирмите од кланот Заеви се префрлени над половина милион евра, а тендери добивале и фирмите на најблиските роднини на неколку пратеници на СДСМ. Пресметките покажуваат дека вкупната сума која Заев на сомнителен начин ја испумпал од струмичкиот буџет изнесува речи си милион евра“, јавува телевизијата.