
Ве тресам јас четврта година по ред, затоа што сте уплашени дека доаѓа денот кога сите вие криминалците обединето и сложно ќе одговарате.
„Јас сум генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од август 2017 до декември 2017 година. Вие ќе продолжете да се тресете од стравот дека нема договор со мене, бидејќи јас не се договарам со криминалци.
#МакедонскаПролет
#ИднинатаЕНаша“, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Неговата објава следи по обвинувањата на СДСМ дека финансиски скандали ја тресат ВМРО-ДПМНЕ.
„Угледните германски медиуми “Шпигел” и “Фокус”, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.
Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.
По оставката на пратеникот Цех од Германија, Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари, на кој начин биле исплатени и дали тоа е вистинската причина зошто финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?“, стои во денешното соопштение од СДСМ.