Вчера СДСМ ги спроведе внатрепаристките избори за претседател. Но остана дамката дека државните ресурси беа искористени за партиски активности, односно училиштата се ставија во служба на партијата.
Со закон е кажано дека во училиштата е забрането да има партиски активности. Исклучок од ова се избори организирани од државата (парламентарни, претседателски и локални), потоа референдуми и активности од значење за општината и државата.
Министерката за образование и наука Мила Царовска замижа пред овие факти и дозволи партиско гласање во училиштата. Не знаеме какви оправудвања ќе се бараат, но ова е кривично дело.
За жал, некој разбрал дека „државата тоа сме ние и се ни е дозволено“.