Денеска граѓаните на Република Македонија повторно сведочеа на уцени, притисоци и закани од страна на власта.
Имено, портпаролот на Владата, Душко Арсовски се јавувал во редакцијата на Канал 5 и вршел притисок со цел да изнуди цензура. Тој одржал прес-конференција на којашто биле јавно повикани и сите новинарски екипи. Новинарот од Канал 5 телевизија го запрашал портпаролот Арсовски, каде во законот или, пак, во кој член пишува дека секој којшто повикува на бојкот ќе одговара кривично пред Законот. Арсовски немал одговор на тоа прашање, па потоа ги препратил сите коишто бараат одговор на тоа прашање да се обратат кон правните инстанци. Откако и таму не добиле одговор, новинарите повторно се обиделе да добијат одговор од Арсовски, но тој повторно не одговарал.
Во меѓувреме додека во Канал 5 го подготвувале прилогот за вестите во 18 часот, Арсовски во два наврата се јавувал во Редакцијата со цел да спречи објавување на материјалот во кој се гледа дека тој не знае што да им одговори на новинарите. Канал 5 телевизија не дозволи Арсовски да успее во намерата и јавно обзнани дека првите луѓе на Зоран Заев прават притисоци и ги заплашуваат медиумите, независно од тоа дали истите се позициски или про опозициски.
Граѓаните уште еднаш имаа можност да се уверат дека во Република Македонија владее хибриден режим и токму затоа Транспаренси Интернешнал ја смести земјата на 111-то место по стапка на корупција. Дали е ова демократијата која Зоран Заев ја ветуваше на граѓаните и дали се ова алатките со кои Заев се служи неколку години наназад, само за да остане ден повеќе на премиерската фотелја?
Овојпат храброст собра Канал 5, но повеќе од сигурно е дека вакви случки се случуваат многу почесто, за што сигурно ќе реагираат и другите национални телевизии и медиуми. Вака изгледа крајот на самобендисаниот и корумпиран Зоран Заев!