Цели пет месеци стагнација на спортскиот развој

Настрана од пандемијата која е актуелна изминативе година дена, како резултат на немањето проактивност и сериозни заложби во развојот во државава, стагнацијата се одразува дури и во спортот.

Првиот владин човек за развој на спортот, поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски, беше назначен пред цели пет месеци за нов директор на Агенцијата за млади и спорт, како партиски предлог на премиерот на Владата, Зоран Заев. Оттогаш наваму, спортската јавност која е активна и го следи развојот на оваа област нема некое позитивно мислење за посериозни исчекори во областа на развојот на спортот.

Како и претходно, дури сега и уште повеќе застапено е актуелното мешање на политиката во спортот, што практично е несфатливо и непоимливо за развој на оваа сфера.

 

Политиката заедно со Мојсоски да ги тргнат рацете од спортот

Сѐ поприсутни се вести во јавноста за узурпација на спортските федерации од страна на политички етаблирани или блиски лица до власта на полунасилен начин, потоа политички пресметки во клубови и репрезентации, што е пак одлика на преголемата замешаност и неможноста да и самиот директор на Агенцијата за млади и спорт Мојсоски разграничи кои се неговите политички ставови, а кои се спортските политики во интерес и за развој на спортот.

Најголемите критики ги доби пред неколку месеци кога на насилен начин истурка партиска насока за претседател на МОК, односно назначувањето на Даниел Димевски од СДСМ, поранешниот советник на Заев, кој има огромен број кривични пријави за бројни малверзации. Повторно Мојсоски беше слеп послушник на партиската политика, наместо рационален спортски работник и поранешен спортист кој ќе се бори за развојот и напредокот на спортот.

Делумно слична е и ситуацијата со мешањето на политиката во Фудбалската федерација каде што директорот и заменикот имаат дијаметрално спротивни ставови, застапувајќи политички партии.

Цели пет месеци не е отпочнат, ниту, пак, реализиран или финиширан ниту еден капитален проект кој ќе значи за суштинскиот развој на кој било спорт.

Граѓаните постојано на социјалните мрежи упатуваат безброј критики кон актуелниот директор за мешањето на политичката определба на СДСМ во неговата работа и обидот да партиските политики му бидат водилка во неговото директорување, а не пак неговото спортско искуство. Цел на критиките и нападите стана и со неговото практично покорување пред новото уставно име, со што граѓаните секојдневно го потсетуваат чии бои бранел претходно како еден од поистакнатите ракометари во репрезентацијата.

Кога веќе е и повеќе од јасно каков е стартот на Наумче Мојсоски како директор на АМС, не може да бидат поразлични и поголеми очекувањата за иднината на спортот во Република Македонија.

Црно му се пишува на спортскиот развој очигледно.