![milososki-1-696x398](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/milososki-1-696x398.jpg?resize=696%2C398&ssl=1)
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски информира дека нема да отвори врата за попишувачите доколку тие не се вакцинирани против коронавирусот.
„Како родител на 5 малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против ковид-19
Здравјето не може да се одложи, пописот може“, порача тој на Фејсбук.