Дезертери и криминалци се на власт, луѓе умираат а тие се сончаат по плажи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на Сител телевизија остро критикуваше дека дезертерите и криминалците кои се на власт ја доведоа државата до апокалипнично сценарио во кое луѓе умираат секојдневно, а функционери од власта се сончаат по плажи и тераат одмори наместо оставка и одговорност да преземат.

„Ние го губиме суверенитетот секојдневно гледаме како луѓе одат да се вакцинираат во соседството затоа што немаат иззлез тука, гледаат дека станува збор за тотално самобендисани и исфрустирани неработници кои освен на провизии и криминал на ништо друго не мислат“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека Заев радосно ги најави вакцините кои требаше да стигнат во февруари, а сега дојде април вакцини сеуште нема.

Април дојде, ниту Фајзер се виде, ниту вакцини се видоа и наместо одговорност за сето тоа кое и го нанесоа на нацијата и државата уште ги гледаме како самобендисано дезертерите изглегуваат на прес конференциии и кажуват дека заслужувале тродневен одмор во услови кога дневно умираат по 30 –тина луѓе, кога италијанско сценарио ни е во клиниките и кога илјадници се заболуваат, а се тоа се трауми за семејствата“, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски вели наместо оставка и поднесување одговорност власта ја убедува јавноста дека заслужувале одмор, тоа се дезертери и криминалци вели тој.