Европската агенција за лекови (ЕМА) во петокот, следејќи го примерот на американскиот регулатор, го одобри складирањето на вакцините на американско-геранскиот тандем „Pfizer/BioNtech“ во стандардните фармацевтски ладилници, односно на повисоки температури отколу што претходно бараше и самиот производител на овој препарат, што треба да ја олесни дистрибуцијата на оваа вакцина и да ја намали предноста на конкурентските вакцини кои бараат складирање на многу повисоки температури и во обични ладилници.
Европскиот регулатор соопшти дека транспортот и складирањето на шишенцата со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ од кои се вадат по шест дози за вакцинирање, моќе да се одвива на температури мешу минус 25 и минус 15 Целзиусови степени, односно на температурите во стандардните фарамцевтски ладилници во текот на две седмици.
Досега, самиот производител на овој препарат кој се темели на новата технологија за вакцини ткн „гласничка“ мРНК предупредуваше дека препаратот треба да се складири на поларни температури меѓу минус 80 и минус 70 Целзиусови степени. Од „Pfizer/BioNTech“ сега немаше објава по соопштенијата на европскиот и американскиот регулатор Агенцијата за храна и лекови (FDA) донесена во февруари со цел да се забрза процесот на имунизација на населението во кој заостануваа и САД.
„Станува збор за алтернативно долгорочно складирање на шишенцата со вакцината на температури меѓу минус 90 и минус 60 Целзиусови степени, што е можно само во специјални ладилници“, се наведува во соопштението на ЕМА.
Европскиот регулатор истакнува и дека тоа многу ќе ја олесни брзата дистрибуција на вакцината во Европската унија и ќе ја намали зависноста од складирањето на многу ниските температури.
ЕМА, исто така, во петокот даде дозвола за поризводство на вакцината на „AstraZeneca“ во постројките на „Halix“ во близина на Лејден во Холандија, што предизвика препукување меѓу Лондон и Брисел.
Во овој погон, според ЕМА, ќе се прозиведува активната супстанца од вакцината против Covdi-19 на „AstraZeneca“. Во Марбург во Геранија, пак, ќе започен производството на вакцината на „Pfizer/BioNTech“, додека во погон во Швајцарија ќе започен да се произведува вакцината на американска „Moderna“.
Европската унија нарача 120 милиони а испорачани ѝ се само 30 милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“, поради што шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја предупреди оваа англо-шведска компанијата дека мора да ги изврши своите обврски од договорот. Поради тоа, од компанијата порачаа дека веројатно ќе ја ревидираат цената на својата вакцина, која е повеќе од десет пати поевтина од оние на другите западни производители, првично решавајќи да не заработува во време на пандемијата.
Брисел со ова сака да ги избегне критиките од повеќе земји членки на ЕУ поради нерамноправната распределба на вакцините во рамките на Унијата, правдајќи се со намалените испораки од „AstraZeneca“. Австрискиот канцелар Себастијан Курц во тој контекст порача дека во поглед на вакцинирањето во ЕУ не смее да има „граѓани од втор ред“.
Челниците на ЕУ во четвртокот во заедничка изјава побараат од амбасадорите во Унијата да го решат прашањето на распределбата на 10-те милиони дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ кои ќе бидат испорачани во вториот квартал наместо во втората половина од годината и со тоа првенствено да им се компензира не земјите членки кои добиле најмалку вакцините, а станува збор за седум држави.