Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше и министер за здравство, преку статус на „Фејсбук“ испрати порака до заменик министерот Хасани и министерот Филипче, пренесе ТетоваСот.
Таравари вели дека Хасани и Филипче треба да дадат оставка бидејќи народот не ги плаќа за аналитичари, туку да го заштити нивното здравје.
Во продолжение го пренесуваме статусот на Таравари:
Господине Илир Хасани, вие заедно со министерот Филипче мораше да си поднесете оставка и да не изигравате аналитичари бидејќи народот не ве плаќа за аналитичари!
Ви плаќа за да го чувате јавното здравје, а вие ги умирате секој ден, затоа поднеси оставка за да не дојде работата до „предај се“. Вашата влада да разбере дека не прави ништо за здравјето на своите граѓани.
Граѓаните на оваа земја бегаат во Србија затоа што вашата влада не обезбедува вакцина, а нашата држава продолжува да биде прва во регионот по починати од КОВИД и последна држава која нема обезбедено вакцина.
Пандемискиот бран го предизвика недостатокот на вакцина и вашиот здравствен систем. Другите земји од регионот веќе ја завршија втората доза на вакцината, а вие дури и не сте ја започнале.
Вие и министерот треба да си поднесете оставка, како што рековме, а не да судите зошто граѓаните умираат од вирусот!