Заев и Мицкоски преку Ахмети ги понижија сите Албанци, порачаа ААА

ДУИ, која се преправа дека е претставник на Албанците во Владата, денес уште еднаш го потцени своето гласачко тело и сите Албанци, се вели во реакцијата од коалицијата ААА.

– Самиот Зоран Заев потврди дека само го известил Ахмети за одлуката за одложување на пописот по телефон и дека не го прашал за неговиот став во врска со оваа прашање. Мицкоски, во меѓувреме, го нарече само квантитет, а не квалитет – додаваат оттаму.

Според нив, на овој начин, од партија што влезе во владата мамејќи со „албанскиот премиер“, ДУИ, како што велат, денес се претвори во партија што им прави поголема штета на Албанците, овој пат со одложување на пописот.

– Сепак, ги информираме Заев, Мицкоски и Ахмети дека дури и ако успеат да не надминат преку бројките и да го одложат пописот, тие никогаш нема да можат да го намалат бројот и процентот на Албанците во Северна Македонија. Нашите штабови и активисти, и во дијаспората и во земјата, ќе бидат будни и активни, па кога и да биде назначен, ние ќе бидеме тука за да ја подигнеме свеста и да го спасиме овој процес. Во меѓувреме, за секоја зделка што ќе ја направите на штета на Албанците, еден ден сите ќе одговорите! – стои во реакцијата.

Од Алијанса за Албанците велат дека Заев и Мицкоски се предадоа пред една единствена тема – проблемот со државјанството, процес што беше инициран и го спроведува Алијансата за Албанците и Алтернатива.

– Првично побараа од нас да седнеме, а наскоро ќе бидат принудени да го решат овој проблем, бидејќи тие знаат дека не сме сите Албанци, ДУИ и Ахмети – додаваат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.