Алушовски: По овој пораз треба сите да се погледнеме во очи

Стевче Алушовски, тренерот на Вардар, посочи дека и во вакви тешки моменти може да се извлече поука.

„Честитки до Веспрем за големата победа и без разлика што треба да се одигра реваншот, тие се веќе во четвртфиналето. По ваков тежок пораз, не би знаел што да кажам. Тешко е, лошо го отворивме натпреварот. Не искористивме шанси да бидеме егал во моменти кога на теренот имавме двајца играчи повеќе, по што беше невозможно да се надополни недостижната разлика. По овој пораз треба сите да се погледнеме во очи, ова е големо разочарување за играчите, за мене, за претседателот, за клубот… Се надевам ќе се потрудиме да одиграме подобро во Унгарија“, истакна Алушовски.

Возвратниот натпревар меѓу Вардар и Веспрем е предвиден за седум дена, на 8 април.