Брнабиќ: Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња, на Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на „Pfizer“ и 40.000 вакцини „Спутник V“, количество доволно за 24.000 граѓани, изјави во неделата српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност“, доде српската премиерка.

Најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини „Pfizer/BioNTech“ и 500.000 „Sinopharm“, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.

Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е PCR тест. Ова го демантираше премиерката Ана Брнабиќ, изјавувајќи дека оваа вест ја изненадила.

@Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без PCR тест. За сите други на кои не им е потребен ПЦР тест, се државјани на Мини Шенген – Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“, рече Брнабиќ.

Најви дека од понеделник во Србија делумно се убалжуваат епидемиолошките мерки.

Од утре, угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу, кажа таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.

„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“, рече Брнабиќ.

Се осврна и на корона орото кое повторно се случи синоќа пред споменикот на Стефан Немања во Белгад.

„Што се однесува до орото кај споменикот на Стефан Немања – покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе и да ги приведуваме за непријавени собири ако се мирни. Имавме не пријавени собири во минатото што траеја со месеци. Не можам да го користам своојот субјективен поглед за собирот – и ова беше не пријавен митинг, жал ми е што се одржа, но беше мирен. Можеме да апелираме тоа да не се случува, кажа српската премиерка.

Што се однесува до антиваксерите, пак, според неда, тие ја загрозуваат националната безбедност.

„Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците“, изјави Брнабиќ

Како што кажа таа, од петте антиваксери што се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата.