Кој е тој мафијашки бос кој вади пасош кај обичен службеник во МВР, прашува Мицкоски

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели четири години. Токму оваа акција ја започна Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, пишува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

– Требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници. Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош? Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира – порачува Мицкоски.