Бразил со рекорден број починати од Ковид – 600 нови гробови дневно во Сао Паоло

Koронавирусот „коси“ во Бразил. Ситуацијата со коронавирусот во оваа држава е „вистински пекол”, констатираат од Светската здравствена организација (СЗО).

Претседателот Жаир Болсонаро денеска го критикуваше судијата на Врховниот суд Луис Роберт Баросо за неговата одлука да му нареди на Конгресот да започне истрага за одговор на пандемијата.  Болсонаро го критикуваше барањето конгресната истрага да се фокусира на неуспесите на федералната влада.

Еден од четири смртни случаи од пандемијата оваа недела е пријавен во Бразил. Во последните неколку дена во земјата каде има повеќе од 13 милиони заразени се пријавени над 4.000 смртни случаи на ден.  По 600 нови гробови дневно има во Сао Паоло за жртвите на пандемијата. 5-те најголеми гробишта во Сао Паоло го продолжија работното време до доцна во ноќта, до 22 часот, а во дел од нив  запрени се погребите, заради немање  место.