Американските здравствени агенции во вторникот повикаа на привремено запирање на имунизацијата со вакцината на американската мултинационална корпорација „Johnson&Johnson“, откако кај вакцинираните се развило ретко нарушување кое вклучува крвни згрутчувања, објави весникот The New York Times.
Сите шестмина вакцинирани со нуспојави се жени на возраст меѓу 18 и 48 години, шест до 13 денови по вакцинирањето. Во сите случаи дошло до церебрална венска синусна тробоза (CVST) и тромбицитопенија односно недостиг од крвни плички – тромбоците.
Една жена починала, а уште една е хоспитализирана во критична состојба во сојузната држава Небраска, пишува The New York Times. Од 12-ти април во САД се аплицирани повеќе од 6,8 милиони дози од вакцината. Вакцинирањето со „Johnson&Johnson“ се спроведува само со една доза.
По информациите за нуспојавите по вакцинирањето, цената на акциите на „Johnson&Johnson“ на американските берзи во вторникот падна за 3 отсто.
Американската Агенција за храна и лекови (FDA), Центарот за превенција и контрола на болестите (CDC) и „Johnson&Johnson“ засега не одговорите на прашањето на Reuters за ситуацијата со вакцината против Covid-19.
Од CDC и FDA кусо изјавија за медиумите навеле дека ваквиот исход по вакцинирањето е екстрено редок, а од „Johnson&Johnson“ рекле дека тесно сораборуваат со регулаторите и дека не е воспоставена јасна причинско-последична врска меѓу споменатите појави и вакцините.
Потегот на американските регулатори следи помалку од една седмица откако европскиот регулатор за лекови соопшти дека ги испитува случаите на развивање тромбови кај четири лица во САД кои ја примиле оваа вакцина.
Фармацевтската компанија „Johnson&Johnson“ започна во понеделникот со испорака на вакцината за Европската унија и до крајот на јуни би требало да бидат испорачане 50 до 55 милиони дози.
Австралија во моментов не планира да ја додаде вакцината на „J&J“ против коронавирусот во својата програма за имунизација на населението, соопштија властите во вторникот. Оваа земја се откажа од набавката на вакцините кои потенцијално се поврзани со случаите на појавите на крвни згрутчувања.
Вакцината на „Johnson&Johnson“, којашто се инјектира во само една доза наспроти другите вакцини кои се даваат во две дози, и убедливо најевтината вакцина на англо-шведскиот производител „AstraZenecа“ се сметаат за едни од клучните алатки во борбата против пандемијата којашто досега однесе преку три милиона човечки животи.