
Министерот за здравство, Венко Филипче на редовната прес конференција информираше дека бранот на новозаболени лица со коронавирус и во последниве 24 часа е во опаѓање и оти притисокот врз здравствениот систем е во опаѓање. Како што кажа тој, здравствените власти и натаму се претпазливи бидејќи на голем број од новозаболените би можело да им затреба болничко лекување. Министерот соопшти дека бројот на новодијагностицирани случаи во последново деноноќие е под 900.
„Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, рече Филипче.