3.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Принцот Филип денеска ќе биде погребан

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, Принцот Филип кој почина минатата недела на 100 годишна возраст попладнево ќе биде погребан.

Церемонијата на кралскиот погреб ќе се одржи во капалета Св. Ѓорги во кругот на замокот Виндзор во 16 часот по средноевропско време.

На погребот ќе присуствуваат вкупно 30 гости меѓу кои најголем дел, членови на кралското семејство. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што ќе се соберат учесниците на поворката, меѓу кои се принцовите Чарлс, Вилијам и Хари. Во капелата ќе се одржи едноминутно молчење, а архиепископот од Кантербери ќе ја води службата.

Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот ќе се положи неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.

Принцот Филип според медиумите наводно барал да биде погребан без голема церемонија. Инаку се до погребот телото на Филип ќе биде изложено во приватната капела во замокот Виндзор.

Мртовечкиот сандак на војводата од Единбург е покриен со неговото лично знаме, неговиот личен барјак.