Фабио Квартараро е победник на денешната Мото ГП трка возена во Португалија. За возачот на Јамаха ова беше втора победа во оваа првенство.
Францускиот мотоциклист со денешниот одличен настап дојде до шеста победа во кариерата, а на својот тим му го донесе третиот триумф оваа сезона од исто толку трки.
На денешната трката беше одбележано и враќањето во шампионатот на Марк Маркез по тешката повреда која ја заработи во минатата сезона.
Го немаше во трките од јуни минатата година. Тој на крајот го освои седмото место во Португалија. Зад Квартараро денеска се најдоа Бањаја од Дукати, додека Жоан Мир од Сузуки е трет во трката.
На денешната трка бодови освоија и Морбидели, Биндер, Еспаргаро, Маркез (двајцата браќа), Бастијанини и Накагами.