ПСЖ и Монако во полуфиналето на Францускиот куп

Фудбалерите на Парис Сан Жермен и на Монако изборија пласман во полуфиналето на францискиот куп придружувајќи им се на Монпелје и четвртолигашот Римили Валирс кој тоа го постигнаа во вторникот.

Монако полуфиналето го избори со гостинската победа против Лион со 2:0. Можеби и клучниот момент на мечот се случи во 51 минута кога Лион остана со играч помалку по исклучувањето на Синали Диоманде. Бројно надмоќен Монако набрзо постигна два гола, а стрелци беа Виса Бен Једер од пенал во 54 минута и Кевин Воланд во 61 минута.

Во вториот меч на вечерта ПСЖ без многу напори со 5:0 го совлада Анже. Три погодока постигна Мауро Икарди во 9, 68 и 90 минута, а меѓу стрелците се впишаа и Нејмар во 65 минута а гостинскиот играч Винсен Мансо во 23 минута ја погоди сопствената мрежа.

Во вторникот пласман во полуфиналето изборија Мопелје кој на госто го победи четивртолигашот Канет Русијон со 2:1, и сензацијата на сезоната четвртолигашто Румили Вајиер кој дома го совлада второлигашот Тулуз.

Така Румили Вајиер стана само четвртиот четвртолигаш кој се планирал во Купот на Франција, по Кале во 2000-та, Монтсо во 2007 и Квевили во 2010 година.