4.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

Сарамандов: Нема ниту еден проект во Гевгелија, ништо не остварија од она што ветија

Изминуваат точно 3,5 години од превземањето на СДСМ на локалната власт во општина Гевгелија, па редно време е да ги сумираме резултатите од нивното досегашно работење.Очигледно е дека сите нивни заложби во предизборната програма за локалните избори 2017 година беа мртво слово на хартија, истакна на денешната прес-конверенција од „Коментар на денот“ претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Гевгелија Aндон Сарамандов.

Во продолжение интегралоен текст и видео од прес-конференцијата на Сарамандов:

Се ветуваше се и сешто, се нудеа невозможни решенија за сите проблеми, но на крај маските паднаа пред граѓаните на oпштина Гевгелија.

Денес, на неколку месеци од завршувањето на мандатот на градоначалникот Сашо Поцков, евидентно е дека развојот на општина Гевгелија стагнира како резултат на неработата и неспособноста на оваа локална власт.

Општина Гевгелија 3.5 години стагнира во развојот бидејќи градоначалникот Сашо Поцков не реализираше ниту еден капитален проект за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од нашата општина.

Општина Гевгелија 3.5 години стагнира во развојот бидејќи недостасуваат многу системски решенија кои беа ветени од Поцков.

Тоа се проектите кои требаше Гевгелија да ја направат поубаво место за живеење, чиста и зелена, тоа беше и мотото кое ја даде последната финеса од неговата сликовница или програма од дваесетина страни, наречена живот во Гевгелија.

Изградба на западен булевар и изградба на катна гаража за решавање на сообаќајниот хаос во Гевгелија, изградба на нов градски парк, изградба на нова детска градинка, изградба на атмосферски канализации во Гевгелија се проектите кои се од приоритетно значење за граѓаните на општина Гевгелија. Проекти кои Поцков ги вети, но не ги реализира.

Ветувањата останаа нереализирани и во населените места, иако беше навестувано дека секое село ќе добие асфалтирани улици, нова и функционална мрежа на атмосферска и фекална канализација.

Поцков вети и дека во општина Гевгелија ќе се вложат премногу средства за развивање на селскиот и планинскиот туризам, но не успеа ниту 800 метри да ги асфалтира до село Ума.

На младите градоначалникот Сашо Поцков им вети спортско рекреативен комплекс со базен па потоа се пишмани, им вети и мултимедијален центар со кино, но проектот остана само на слика.

Од една надалеку позната урбана средина, изминатите 3,5 години Гевгелија се претвори во најобична паланка во која недостига културен процут и духовно збогатување.

Сеуште немаме решение за бездомните животни, проблем кој е од огромно значење за Гевгелија.

Гасификацијата на општина Гевгелија воопшто не е започната, иако тоа беше посочувано како главен предуслов за локалниот економски развој и двигател на слободните економски зони.

Оваа локална власт не изгради сериозна стратегија за развој на туризмот и искористување на сите туристички потенцијали во општина Гевгелија.

Оваа локална власт не изработи еколошки акционен план иако во Гевгелија имавме големата загаденост на воздухот во одреден период изминатата година, а локалната економија е пред целосен слом. За само една година, над 1500 наши сограѓани останаа без своите работни места и основни средства за егзистенција.

Локалната самоуправа се однесува како нем набљудувач на економската катастрофа и не превзема ништо да се најде алтернативно решение за секого.

Визијата на Поцков за донесувањето на урбанистичките планови во градот Гевгелија и населените места кои се основа за економскиот развој се претвори во катастрофа.

Донесувањето на само еден детален урбатистички план во цел мандат вистински ја отсликува работата на градоначалникот Сашо Поцков, на штета на граѓаните на општина Гевгелија и бизнис заедницата.

Заради неспособноста на оваа локална власт, општина Гевгелија во изминатите 3,5 години не ги реализираа средствата во износ од 2,5 милиони евра добиени како грант од КФВ банка во време кога ВМРО ДПМНЕ ја имаше локалната власт во Гевгелија.

Потребни ќе бидат многу денови за набројување на фиктивните и неостварени проекти на СДСМ во Гевгелија, наведени во нивната предизборна книшка живот за сите.

Животот дојде за функционерите на СДСМ во Гевгелија и нивните најблиски, не и за чесните граѓани на општина Гевгелија, бидејќи нема место во нивната приказна.

Почитувани,

Оваа регресивна политика на СДСМ ќе се казни еднаш-засекогаш. Граѓаните на општина Гевгелија заслужуваат богата и просперитетна општина. Заеднички, со реални проекти и многу работа имаме задача да и го вратиме на Гевгелија некогашниот имиџ на најперспективен град во Република Македонија, порача Сарамандов.